За нас
ЗОНА ЕКСПРЕС од Гевгелија е реномирана компанија со повеќе од 35 години традиција. Основана во 1989 година, денес претставува препознатливо име во сегментот на разладни уреди и опрема, со специјализација во сервисирање и одржување на транспортни разладни системи.
Со децении активно присуство, компанијата има значаен придонес во развојот на сообраќајот, транспортот и шпедицијата во Македонија, обезбедувајќи сигурни и квалитетни технички решенија.
Ние сме специјализиран сервис за уреди од светски реномираните брендови:
-
Carrier Transicold
-
Thermo King
Сервис за товарни возила
ЗОНА ЕКСПРЕС овозможува и комплетен сервис за сите видови товарни возила, изведен со современа опрема и според најновите ЕУ стандарди и регулативи. Нашата “up to date” услуга гарантира брзина, прецизност и професионален пристап.
Стручен тим
Нашиот тим е составен од високо обучени и искусни техничари, подготвени да ги решат и најсложените дефекти. Професионалноста и знаењето се потврдени преку бројни сертификати, обуки и признанија што ги поседува нашиот кадар.
24-часовна поддршка
Задоволниот клиент е наш највисок приоритет. Затоа обезбедуваме 24/7 поддршка, а нашите телефонски линии се секогаш достапни за итна помош или сервис.
Дополнително, компанијата располага со специјално опремено сервисно возило, со кое изведуваме сервиси и интервенции директно на терен, надвор од сервисниот центар.